Изданија

 

Инес Црвенковска Ристеска - Луѓе, животни, растенија, предмети од Оној свет: збирка илустрации


Илустрации произлезени од проектни активности со стрип илустратори и истражувачи од Скопје, преку кои тие се запознаа со стручната литература поврзана со балканската и македонската народна митологија и ги преточија во свои дела. Проектот траеше од мај до септември 2020, а во него учествуваа 8 учесници: средношколци, студенти, дипломирани етнолози и илустратори и графички дизајнери. Нивни стрип ментори беа Давор Драмиќанин и Здравко Гиров

 

Новости

Промоција на книгата „Шпагети и ајвар: транслокално секојдневие на муслиманите во Македонија и Италија“

28/11/2025

Во петок, 28.11.2025 во 12 часот во просториите на Институтот за етнологија и антропологија (Природно-математички факултет, долна зграда), ќе се одржи промоција на ново издание од областа на етнологијата и антропологијата, под наслов „Шпагети и ајвар: транслокално секојдневие на муслиманите во Македонија и Италија“. Тоа беше објавено на полски јазик во 2015 година, а сега излегува и во превод на македонски на самата авторка. Уредник на изданието е на проф. д-р Ана Ашталковска Гајтаноска, a издавач е Македонското студентско етнолошко друштво (МСЕД). Промотор ќе биде проф. д-р Љупчо Ристeски.

 

Контакт

Македонско студентско етнолошко друштво (МСЕД)