Изданија

 

Митја Великоња - Постсоцијалистички политички графити на Балканот и во Централна Европа


Оваа теориски и емпириски заснована книга ги истражува политичките графити во пост-социјалистичките балкански и централно-европски земји како субверзивни политички средства.

И покрај зголемената глобална дигитализација, графитите остануваат широко распространети и популарни, нудејќи визуелна индикација за културните услови, социјалната динамика и структурите на моќ во едно општество, и тоа преку само неколку зборови или слики. Користејќи квалитативни и квантитативни методи, како и детална интердисциплинарна анализа на поимот „патриотски“, екстремно десничарски, навивачки, носталгични и шовинистички графити и улична уметност, Великоња се занимава со тоа кој и зошто го користи графитот како политички медиум и која е неговата целна група на којашто се обраќа.

Превод од англиски на македонски јази: Инес Црвенквоска Ристеска
Уредник и стручна редакција: Инес Црвенковска Ристеска
Издавач: МСЕД

 

Новости

Промоција на книгата „Шпагети и ајвар: транслокално секојдневие на муслиманите во Македонија и Италија“

28/11/2025

Во петок, 28.11.2025 во 12 часот во просториите на Институтот за етнологија и антропологија (Природно-математички факултет, долна зграда), ќе се одржи промоција на ново издание од областа на етнологијата и антропологијата, под наслов „Шпагети и ајвар: транслокално секојдневие на муслиманите во Македонија и Италија“. Тоа беше објавено на полски јазик во 2015 година, а сега излегува и во превод на македонски на самата авторка. Уредник на изданието е на проф. д-р Ана Ашталковска Гајтаноска, a издавач е Македонското студентско етнолошко друштво (МСЕД). Промотор ќе биде проф. д-р Љупчо Ристeски.

 

Контакт

Македонско студентско етнолошко друштво (МСЕД)