За МСЕД

 

 

Македонско студентско етнолошко друштво (МСЕД) е здружение  на граѓани, основано од страна на студентите на Институт за етнологија и антропологија.

Нашето друштво е од отворен тип, секој поединец кој е заинтересиран може да биде дел од друштвото со потполнување на пристапница:

Превземи пристапница

Сите кои се заинтересирани за да бидат наши членови и соработници за повеќе информации можат да не контактираат преку нашата e-mail адреса (makedonskostudentckoe@yahoo.com) или социјалните мрежи.

Цели и задачи на здружението:

  • Поттикнување и организирање на студентите и членовите заинтересирани за занимавање со научно-истражувачка работа, овозможувајќи им проширување на своите знаења;
  • Развивање на љубов кон науката кај студентите;
  • Формирање на научни трудови, издавачка дејност на здружението (брошури, публикации, билтени и  др.)
  • Изработка на елаборати, програми, планови и проекти за свои и потребите на други субјекти;
  • Обука и едукација на заинтересираните објекти од областа на делувањето со која здружението се занимава;
  • Организирање на предавања, работилници, конгреси, симпозиуми и други слични собири;
  • Воспоставување и развивање на соработката со надлежни државни институции, со други организации, фондации во земјава и странство;
  • Информирање на јавноста за резултатите и постигнивањата од својата работа.

Локација:  Институт за етнологија и антропологија (ИЕА), Архимедова 5 Гази Баба, Скопје.


 

Новости

Промоција на книгата „Шпагети и ајвар: транслокално секојдневие на муслиманите во Македонија и Италија“

28/11/2025

Во петок, 28.11.2025 во 12 часот во просториите на Институтот за етнологија и антропологија (Природно-математички факултет, долна зграда), ќе се одржи промоција на ново издание од областа на етнологијата и антропологијата, под наслов „Шпагети и ајвар: транслокално секојдневие на муслиманите во Македонија и Италија“. Тоа беше објавено на полски јазик во 2015 година, а сега излегува и во превод на македонски на самата авторка. Уредник на изданието е на проф. д-р Ана Ашталковска Гајтаноска, a издавач е Македонското студентско етнолошко друштво (МСЕД). Промотор ќе биде проф. д-р Љупчо Ристeски.

 

Контакт

Македонско студентско етнолошко друштво (МСЕД)